Прес конференија на ЦИВИЛ на 11 јули, 13 часот, во хотелот Парк Резиденс зад скопскиот стадион

Презентација на иницијативата „Гласај/Voto“, кампањата против лажните вести и говорот на омразата, како и на Извештајот од долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ, ќе се одржи утре, сабота, 11 јули, во хотелот Парк Резиденс, зад фудбалскиот стадион, со почеток во 13 часот.

Извештаите и анализите на ЦИВИЛ опфаќаат низа аспекти. Фокусот на овие избори е на политичкото финансирање, лажните вести и говорот на омразата, злоупотребите во различни категории од мониторингот и мерките за заштита од коронавирусот. ЦИВИЛ уште еднаш ќе ги упати пораките во пресрет на изборниот ден. На пресот ќе се говори на македонски, албански и ромски јазик.

Прес конференцијата ќе се емитува во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ. Редакциите можат да достават и прашања по електронска пошта на [email protected] до утре во 12:30 часот.

Освен за пошироката јавност, оваа прес конференција ќе биде посебно корисна за набљудувачите на ЦИВИЛ, како и за пошироката јавност. Затоа, организацијата ги повикува и сите заинтересирани, да ја следат оваа прес конференција онлајн.

ЦИВИЛ, Тим за комуникации

This post is also available in: English