Кога институциите затајуваат, а медиумите се под притисок, моќта и одговорноста да алармираат за неправдите и нефункционирањето на системот останува во рацете на одговорните граѓанки и граѓани.
Токму ова е целта на проектот Граѓански објектив што ЦИВИЛ трета година успешно го спроведува. Граѓанските новинарки и новинари ги изнесуваат на светлина и најмрачните стории од секојдневниот живот за кои државата нема слух.
Сторијата за младиот музичар Виктор Тошевски, мрачниот скандал во институциите надлежни за згрижување на деца и бездомници „25 мај“ и „Ранка Милановиќ“, проблемите во здравството, образованието, говорот на омраза, злоупотреба на деца за политички цели и многу други теми се всушност стории на граѓански новинари кои успеаја да извршат притисок врз властите и институциите за итни реакции и справување со секојдневните проблеми на граѓаните.
Моќта за промени е во вашите раце! Затоа станете дел од заедницата на граѓански новинарки и новинари. Вашите фото и видео стории испраќајте ги на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, Фејсбук страницата на граѓанските новинар(к)и или на [email protected].
Во тек се и семинарите и работилниците за граѓански новинари што ЦИВИЛ ги организира низ целата земја, па доколку досега не сте биле дел од нашите семинари и обуки за граѓански новинари ова е одлична можност да се пријавите за учество на истите.
Бидете промената што сакате да ја видите, бидете граѓански новинар!