Рачно испишани пораки со зборовите „Не купувајте од Шиптаришта“ со потпис „Ќосето“, се појавија на повеќе автомобили во подземниот паркинг на ГТЦ во четвртокот вечерта, според граѓански новинар кој сакаше да остане анонимен. Тој ја испрати оваа фотографија од личето со националистичка содржина залепена на неговиот автомобил, а во неговата порака до ЦИВИЛ стоеше дека на повеќето автомобили паркирани таму каде што бил и тој паркиран, биле облепени со оваа порака.
ЦИВИЛ ќе се обрати до надлежните со прашање дали овој настан е регистриран и дали нешто ќе се преземе во врска со тоа.