Злоупотребени идентитетот и Фејсбук профилот на писателот Попески за ширење етничка и верска омраза

Експлицитен говор на омраза на Фејсбук профил креиран околу 15 часот денеска (22 јули 2021) регистрираше Мониторинг тимот на ЦИВИЛ. Профилот го носи името на писателот Наум Попески, автор на 20-тина книги за деца, меѓу кои и најпознатата „Бонтон за деца“, прв бонтон за деца на македонски јазик. Според оваа книга, снимена е и анимирана ТВ серија за деца на Македонската телевизија. Книгата е преведена и на албански јазик.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ веднаш се посомнева во автентичноста на Фејсбук профилот и влезе во конкакт со Попески, за да провери дали се работи за негови ставови или е отворен лажен профил со неговото име. На самиот почеток од комуникацијата, според изјавата на Попески, станува збор за злоупотреба на неговиот идентитет и негови фотографии за ширење на етничка и верска нетрпеливост.

Попоски во изјавата за ЦИВИЛ МЕДИА истакна дека нема врска со тој профил и побара помош од организацијата да алармира дека се работи за лажен профил, со молба и надлежните институции да реагираат за да се блокира. Од претставник на ЦИВИЛ беше посоветуван да се обрати до МВР, односно до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. Попески рече дека ќе го стори тоа веднаш по комуникацијата со ЦИВИЛ, за што побргу да го најдат тој што креирал лажен профил со злоупотреба на неговото име.

„Ве молам алармирајте што побрзо да се блокира тој профил. Срамота е. Сите ме знаат мене и знаат дека никогаш не сум кажал такво нешто. Ние живееме во мултиетничка држава и треба сите да се почитуваме. Јас сум писател и никогаш не напишав нешто лошо за некого“, изјави Попески.

Ова се дел од објавите на лажниот Фејсбук профилот што го регистираше Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, за кој Попески изјави дека е креиран со злоупотреба и кражба на неговиот идентитет:

Ова е вистинскиот Фејсбук профил на Попески.

ЦИВИЛ Центар за слобода бара од надлежните институции час поскоро да го блокираат овој профил за да не се шири меѓуетничка и меѓурелигиска нетрпеливост. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР е надлежен да го открие тој/таа што шири ваква омраза, а соодветните институции (ЈО и судовите) имаат обврска да поведат соодветна законска постапка за санкционирање на ваквите противзаконски дејства.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ