Почна црна кампања против СДСМ со спонзорирани содржини на Фејсбук и оркестрирано споделување

Почна спонзорирана црна кампања на социјалните мрежи, во пресрет на локалните избори што треба да се одржат во октомври. Партиските кујни очигледно не губат време, па предвреме ја започнаа неофицијално изборната (црна) кампања.

На Фејсбук страниците „Беда“ и „Луда Комуњара“ е споделена фотомонтирана фотографија од пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, кој наводно држи постер во кој пишува:

„На избори заокружи НЕ затоа што крадеме и на вакцини и тоа дупло“, во друга спонзорирана објава содржината на текстот гласи: „На избори заокружи НЕ затоа што ве лажам, ве крадам, ви се смеам у фаца и ич к*р не ме боли“.

Меѓу Фејсбук корисниците што учествуваат во ширење на оваа црна политичка пропаганда поткрепена со фотомонтажа, е ФБ профил на извесна Мартина Глигоровска. Според објавените содржини на овој Фејсбук профил, може да се заклучи дека се работи за подржувач на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Таа, истите содржини од Фејсбук страниците Беда и Луда Комуњара, ги споделува масовно и на други ФБ групи и страници, меѓу кои се ФБ групите и страници „За МАКЕДОНИЈА се работи“, „Силна Македонија“, „Здраво Македонијо 7“, „Владеење на СДС – национална катастрофа за Македонија“, „СДСМ лузери“ итн.

Ваквата црна кампања е проследена со коментари на други ФБ корисници со експлицитен говор на омраза. Ова се само дел од коментарите:

Црната пропаганда пред и за време на изборната кампања, за жал, стана нормална појава во нашето општество. ЦИВИЛ ги повикува граѓаните да не подлегнуваат на вакви објави, без оглед од која партија доаѓаат, и да се фокусираат на анализирање на понудата на политичките партии и нејзината остварливост за подобрување на нивниот живот и околина.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ