ЦИВИЛ ФЕСТ ќе згрми за човековите права

ЦИВИЛ ФЕСТ започнува денес, 10 декември, во 13 часот во Младински културен центар (МКЦ). На отворањето се најавени осум говорници и тоа: Амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската Унија, Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, Ирена Стеријовска, режисерка и активистка, Благица Димитровска од Инклузива, Кочо Андоновски од ЛГБТИ – Центар за поддршка, Петрит Сарачини, национален кординатор за култура,  како и Дехран Муратов и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ Фест е дводневен мултимедијален настан со што ќе се одбележи Меѓународниот ден на човековите права, 70 годишнината од носењето на Универзалната декларација за човековите права и 19-годишнината од постоењето на ЦИВИЛ. Богатата програма на ЦИВИЛ ФЕСТ предвидува низа концертни и диџејски настапи, мултимедијална изложба, преформанси, видео проекции, презентации, церемонија за доделување на награди за граѓанско новинарство и многу дружење и забава.

Веднаш по отворањето, во 13:40 часот, ќе настапат светските шампиони, танчарите со Даунов синдром од танцовото студио Dancers United MK кои годинава го освоија првото место на Светското првенство во модерни танци Полска.

Посветена на граѓанското новинарство и активизмот во име на слободата, правдата и еднаквоста, на програмата на ЦИВИЛ ФЕСТ во 14 часот е и мултимедијалната изложба на фотографии под наслов „Фотографии на слободата“ или #FreedomPhoto. Изложбата содржи стотици фотографии што ги одбележуваат граѓанското новинарство и активизмот за човекови права од почетокот на проектот „Граѓански објектив“, 2015 година, до денес.

„Кулите на граѓанското општество“ (#CivilSocietyTowers) претставува специфичен, мултимедијален приказ на активизмот и на граѓанското општество, кои ќе профункционираат во 14:30 часот на првиот ден од фестивалот и ќе траат до утредента. Во 15:30 часот ќе започнат видео проекциите на голем број видео документарни филмови и прилози од граѓански новинарки и новинари, како и од професионалниот тим на ЦИВИЛ.

Од 17 до 21 часот ќе се одржи афтерворк диџејска забава под слоганот Музика на слободата (#FreedomMusic), со која ќе се одбележат Меѓународниот ден на човековите права и 19-от роденден на ЦИВИЛ.

На вториот ден од фестивалот, 11 декември, во МКЦ ќе продолжат сите содржини предвидени на првиот ден. Освен тие содржини, програмата ќе вклучи и церемонија за доделување на пет награди за граѓанско новинарство во 12 часот, работилница за граѓанско новинарство од 13 до 16 часот, сценски перформанс во 19 часот и концертен настап на три бендови во 20 часот. Во меѓувреме, програмата ќе вклучи низа диџејски настапи, како и детско креативно катче за најмладите.

Фестивалот е дел од проектот „Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.

[divide]

10 ДЕКЕМВРИ

13:00Говориме за #ЧовековиПраваГовори и изјави посветени на Меѓународниот ден на човековите права, 70 годишнината од Универзалната декларација за човековите права и борбата на граѓанското општество за слобода, правда и еднаквост.

Н.Е. Амб. Семуел Жбогар (ЕУ), Уранија Пировска, Ирена Стеријовска, Благица Димитровска, Петрит Сарачини, Кочо Андоновски, Дехран Муратов, Џабир Дерала

13:40#DancersUnitedПЕРФОРМАНС
14:00#FreedomPhotoИЗЛОЖБА
14:30#CivilSocietyTowersМУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
15:30#CivicLensesVideo
17:00#FreedomMusicАфтерворк диџеј забава
21:00Крај на #ЦивилФест ден 1

11 ДЕКЕМВРИ

11:00Медиа корнер
12:00#CitizenJournalismAwardsДоделување награди за граѓанско новинарство
13:00#CitizenJournalismWorkshop
14:00#CivilSocietyTowersМУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
14:00#CivicLensesVideo
20:00#FreedomConcertМУЗИЧКИ НАСТАП ВО ЖИВО  (Man In a Suit, Tonal, Basic Trio)
23:00Крај на #ЦивилФест, граѓанската акција продолжува…