Закани и повици за линч на Фејсбук страната „Македонија е една и им припаѓа на Македонците!“ и други профили

Во групата „Македонија е една и им припаѓа на Македонците!“, лицето Сузана Димитриевска споделила објава, односно фотографија со наслов „Директорка на училиште во Струга наредила уништување на сонцето од Кутлеш од игралиштето“, и напишала: „За вакво „самоопределување“ ли говореше Никола Димитров на вчерашната емисија „Само вистина“?“.

Под објавата, лицето Милица Стојановска повикува на линч, проследено со клетви, со коментарот:

„И уште ја чувате на тоа место, не сте ја расчеречиле, како што таа го унакажала сонцето македонскио, никогаш да не ја огрее!“

Откако е објавена оваа вест во повеќе медиуми како што се Република, Лидер, Курир, Вечер… на 23 јуни околу 15 часот, (во која не пишува информации за кое училиште се работи и како се вика директорката), во истиот ден околу 21 часот твитерџијата Кубрат Шазивар на Твитер објави пост со фотографија од Баже Лазевски кој наводно го избишал знамето од Кутлеш и напишал „Браво гнасо“.

Оваа објава е споделена на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук. По објавата има повици за линч, односно говор на омраза и закани кон Лазевски, дека „знаат дека е од Велес и каде живее“.

По низата закани и напади, Лазевски го деактивирал својот Твитер профил. Твитерџијата со име Ангел од Александар од Македон го објави деактивираниот профил на Лазевски и со употреба на говор на омраза коментирал: „Шо вака го снема?“, пришто лицето Ел Македонеро коментира: „Ма има и него да го нема“, а профилот Лиле стечајка додава: „Нема каде да се крие по овие темни улички“.
Но заканите и хајката по Лазевски не завршија само на социјалните мрежи. Лун Кју Доналд Сикрет на Твитер објави дека Лазевски и телефонот го изгасил.
Еден од коментарите гласи: „Го уклучија ЖМРО Твитер на најјако“, бидејќи „случајот Баже“ се користи за политичка кампања и се испраќа политичка порака дека „СДСМ уништува сѐ што е македонско“.
Познато е дека говорот на омразата, особено кога тој е очигледно организиран на овој начин, може да предизвика насилство и дела од омраза. ЦИВИЛ констатира дека до сега, не се забележува активност на надлежните институции за спречување и санкционирање на бројните јавни закани и повици за линч на социјалните мрежи и во дел од интернет медиумите.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ