Мемеди: Ние помагаме како политичка партија да има успех во пописот за граѓаните што живеат надвор

„Кога почна пописот за дијаспората, граѓаните од надвор ме контактираа дека пописот е почнат многу хаотично. Ние помагаме како политичка партија да има успех во пописот за граѓаните што живеат надвор“, вели Бесим Мемеди, претседател на совет на општина Гостивар на панел дискусијата на  ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“.

Од политички аспект јас припаѓам во Алијанса на Албанците и ние го поддржуваме овој попис и имам впечаток дека ќе се оддржи овој попис.

Има зголемување на бројките на Корона, но кога се изгласа законот ние бевме во втор бран, а сега тоа што се случува може да влеземе и во трет бран. Ние треба да ги мотивираме граѓаните да се оддржи овој попис. Како лекар повиќувам кога ќе се оди во куќи каде што се знае дека има позитивни да се оди добро подготвени да не се зарази уште некој, со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19. Од 1 до 5 пописот би го оценил дека ќе биде безбеден 3 (добар).

This post is also available in: English