Фејсбук страницата „Налет да се сторите“ со говор на омраза и закани по животот на Зиадин Села

Страницата „Налет да се сторите“ секојдневно објавува пораки со кои се поттикнува говор на омразата, а во коментарите се појавуваат со дискусија и говорот на омразата дополнително го поттикнуваат и самите администратори на оваа страница. Ова е обработка на случај на говор на омразата и закани по животот на лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села.

Говор на омразата: ФБ страница „Налет да се сторите“, објава на 28 јуни 2020

На 27 јуни е објавена фотографија од Зиадин Села од изборната кампања, а објавата на „Налет да се сторите“ гласи „Шиптарот Села еднојазичност“.

Од коментарите на оваа објава се издвојува оној на Driton Korcha од кој се гледа дека говорот на омраза предизвикув и реакции со говор на омразата: „Налет да се сторите, хаха тоа е твое право, можеш да вреѓаш колку сакаш, со тоа само искажуваш каков националист си за жал! Ама да знаеш со тоа можеш само *** да му скршиш на Села, а за брзо не е чудно тој да ти биде ПРЕМИЕР, ако не тој, ама сигурно некој друг ШИПТАР ќе биде со гаранција, оти вие самите не сте способни. Ти можеш да јадеш гомна колку сакаш“. Предизвикување на говор на омразата, впрочем, е цел на ваквите онлајн активности.

Администраторите на „Налет да се сторите“ понатаму коментираат со омраза и експлицитни закани по животот на лидерот на Алијансата:

„Села не јадеше ќотек колку што тpeбаше. Ама ќе му дадеме и таква пpилика за последно да му биде затоа што тоа го има заслужено.  Малку отповеќе ви дадовме, затоа во блиска иднина сѐ ќе ви земеме, пpаво ќе имате како што имаат Македонците во Албанија, ништо повеќе.“

Коментарите кои следат изобилуваат со говор на омразата различни профили, но (што поретко се случува на страницата „Налет да се сторите“) се појавуваат и коментари кои овој национализам и говор на омраза не го оправдуваат, како глас на разумот.

Кристијан Павловски пишува: „Налет да се сторите, вие како портал, имате цел да правите меѓуетнички тензии? Па не ве следам веќе бе. Поздрав.“

Дел од профилите кои ставиле 44 лајкови на оваа објава се други Фејсбук страници, но повеќето се приватни профили. Дел од профилите од кои се лајкува оваа објава се лажни.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ