Симпатизер на „Ќосето“ не запира да шири говор на омраза кон ЦИВИЛ

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ повторно бележи експлицитен говор на омраза кон организацијата од лицето кој на Фејсбук е потпишан како Тони Лапе Марков. Овојпат вулгарно и примитивно коментира на официјалната Фејсбук страница на ЦИВИЛ под текстот кој е објавен на ЦИВИЛ Медиа: „Говор на омраза и закана за активистот Ненад Јовановиќ“, додавајќи дека претходно и за него ЦИВИЛ има објавено текст  дека користел говор на омраза.

Лицето Лапе Марков додава дека ЦИВИЛ Медиа не смееше да го објави неговото име и презиме за статусот кој содржи говор на омраза и навреди. Тој на 17 јуни вулгарно коментираше под текстот кој е објавен на ЦИВИЛ Медиа: „Мицкоски на партиски собир повторно ги прекршува мерките и препораките!“.

Очигледно лицето Лапе Марков „знае“ што треба и што не треба да се објавува во интернет просторот, затоа јавно го прашуваме дали тој има ексклузивно право, јавно со цело име и презиме да навредува, вулгарно да се однесува и да користи говор на омраза? Ако има такво право, го прашуваме – кој му го дал тоа право?

Според неговиот Фејсбук профил може да се заклучи дека е член или симпатизер на здружението „Андон Ќосето“, чиј лидер е во затвор за напад на пратениците во Собранието на 27 април.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ