Положани: Во борба со лажните вести за вакцините против Ковид-19, кои прераснуваат во „втора пандемија“

„Во ситуација на пандемија граѓаните се посензитивни и полесно потпаѓаат на лажни вести дезинформации. Претседателот на Црвен Крст, Франческо Рока ги предупредил институциите дека почнаа дезинформациите за вакцинирањето против Ковид-19, прогласувајќи го како „втора пандемија“, односно дека тоа е голем проблем, истакна Флака Положани од Министерството за информатичко општество и администрација, на панел дискусијата „Пандемија и инфодемија“ на ЦИВИЛ, која се одржа на 1 декември.

Лажните информациите, односно теориите на заговор како што се 5-Г, на чуден начин се поврзуваа со вирусот и тоа не им дозволувше на граѓаните правилно да се информираат за пандемијата, односно да бидат заштитени од тие лажни вести.

Медиумите ги креираат тие лажни вести, а не секогаш новинарите ги пишуваат, бидејќи сме свесни и сме сведоци на портали кои не се основани од новинари и во тие портали не пишуваат новинари туку некои други. Токму таквите содржини потоа ги споделуваат граѓаните на своите профили на социјалните мрежи.

Лажните вести околу пандемијата доведе до говор на омраза. Сите овие феномени може да ги загрозат меѓуетничките односи и треба да има некој лимит на слобода на изразување кои треба да бидат поставени и тие примери на казнивост на овие лоши феномени мислам дека ќе почнат да даваат резултати.

Д.М.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети