Дерала: Лажните вести се дел од организиран систем на продукција на содржини за препарирање на човековата свест

„Зборот „пост-вистина“ во 2016 година е најпребаруван збор на „Оксфордскиот речник“, тој збор кај нас не се ни користи. Таа политичка култура се базира на емоциите и повеќе никој не е засегнат од вистината, фактите. На никој повеќе не му е гајле дали постои вистина или не, дали е нешто факт или не, сите алудираат и удираат на емоциите на луѓето и врз основа на тоа се произведуваат политички, воени, бизнис, криминални, општествени, културни матрици, односно капацитети за правење на огромни профити“, истакна Џабир Дерала на панел дискусијата „Пандемија и инфодемија“, во организација на ЦИВИЛ, одржана на 1 декември 2020 година.

„Лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата се дел од организаиран систем на продукција на содржини за препарирање на човековата свест, без разлика дали се работи за граѓаните во нашата држава или во светот.

Не треба само да се абдејтираат медиумите, туку треба да се абтејтира и свеста на луѓето. Повеќе не читаат, се слушаат, не анализираат, не се  не се информираат за новите предизвици.

Институциите немаат абдејтирани методологии како да се спротистават на лажните вести, колку и да се трудат поединци во Владата и во некои институции да се борат со хибридните напади и дезинформации, сепак треба системот од ново да стартува за да профункционира“, додаде Дерала.

Д.М.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети