„Стрелачкиот вод“ на Апасиев се заканува

Откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев се пожалил дека добивал закани, лицето Маријан Камиловски на својот Фејсбук профил, со пиштол во рака се заканува дека „Апасиев не е сам“: „Најучтиво ве замолувам да не му претите на Апасиев и на неговото семејство… Човекот не е сам и јавноста е со него… Немојте ние да ви излеземе и да ви е**** м**** у п**** комунистичка…

Инаку, Камиловски е член на Македонската народна партија и симпатизер на „Бојкотирам“, а неговата објава ја споделиле тројца, од кои едниот е извесен Влатко Уте кој пишува: „Во Америка се спрема граѓанска војна. Изгледа и овде нешто се спрема“.

Јордан Стојановски коментира: „Маме им е*** расипано комуњарско! Само сабјата за нив!“

Под овие две објави со иста порака, има повеќе коментари, а Камиловски се пофали дека „добро стрела“ и дека фотографијата е од стрелачки клуб „Кале“. Тој додава дека, иако е „десничар“, нема да дозволи некој да му се заканува на „левичарот Апасиев“ бидејќи имале исти национални гледишта и интереси.

Пред неколку дена Џабир Дерала јавно постави неколку „Прашања до Апасиев како мисли да го спроведе стрелањето“, а меѓу поставените прашања се следниве:

Кого точно имате намера да стрелате и на кој начин?

Кои се обвиненијата под кои ќе стрелате луѓе и кој, во која процедура ги донесе тие пресуди?

Дали Вашиот суд подразбира и можност за жалба и во кој рок, под кои услови?

Дали планирате да стрелате со пушки, пиштоли или со автоматско оружје?

Дали во Вашата партија има лица што се вооружени?

Ако во Вашата партија има лица што се вооружени, Ве молиме да ни одговорите: со кој тип на оружје располагаат и дали имаат дозволи за поседување на огнено оружје?…

До овој момент Апасиев не одговори на јавно поставените прашања, но очигледно има „стрелачки вод“ кој е спремен и обучен да пука кон оние што ќе му се спротивстават!

Со оглед на сериозноста на заканите, Редакцијата одлучи да не го открива идентитетот на авторките и авторите на дел од овие текстови. Воедно, ЦИВИЛ ги повикува властите веднаш да преземат законски мерки за превенција од насилството со кое одредени групи и поединци се закануваат.

Редакцијата