Започна панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“ во Штип (ВО ЖИВО)

Градоначалникот на Штип, Сашко Николов, Претседателката на Совет на општина, Маријана Рогожарска Поповска, Претседателката на пописна комисија, Соња Китанова, Кординаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Здравков, Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Христина Серафимовска, Директорот на Дом на млади, Горан Трајков и главниот уредник на ТВ Ирис, Војо Маневски, се седумте учеснички и учесници на панел дискусијата „Попис: Статистика, не политика“ во Штип, денеска, 4 март, со почеток во 16 часот. Настанот го организира ЦИВИЛ, а модератор на панелот е Џабир Дерала.

Во согласност со мерките за заштита од Ковид-19, панел дискусијата се одржува без публика, но ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страницата и Јутјуб каналот на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од панел дискусијата ќе бидат објавени на медиумската платформа на организацијата на македонски, албански и англиски јазик.