Серафимовска: Бараме корекција на аномалиите во процесот на попишување

„Веќе можеме да зборуваме за аргументи, што точно се случува и која е големата слика. Овде, ние од ВМРО-ДПМНЕ упатуваме на критики кон самиот процес. Ние не повикуваме директно на бојкот. Но сакаме да се вложи и да ги освестиме сите чинители на самиот процес, во корекција на аномалиите и спроведување на вистински попис“, истакна Христина Серафимовска, советничка на ВМРО-ДПМНЕ, на панел дискусијата на ЦИВИЛ: Попис: Статистика, не политика.

Според Серафимовска, од другата страна, власта, ништо не презема да ја зголеми довербата во пописот и да коригира некои постапки во процедурата.

„Од друга страна тука е делот со пандемијата. Ние мора да признаеме со толку жртви и заболени во Македонија, сега со нов бран, во пресрет на нови соеви на вируси, многу легитимно ќе биде некој граѓанин да не дозволи внатре да му влезе Комисија и да го попишува“, смета Серафимовска.

„Овде е и аномалијата што се случува во дијаспората. Пописот е веќе почнат, а имаме веќе неинформираност. На добар дел од дијаспората. Ова гарантира огромно отстапување од вистинските бројки. Што е поголема штета да се креираат политики без бројки или да се креираат политики со висока самодоверба и погрешни бројки. Јас мислам второто ако го земеме и финансискиот дел, колку ќе чини овој попис.. Дал кога ќе заврши целиот процес и ќе имаме краен резултат, има механизам да се утврди колкав бил процентот на бојкотирачи“ во смисла на постојните бази на податоци“, вели Серафимовска.

Б. Ј.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети