Бочварски го демантира Арсовски, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, и најави тужба за клевета

Министер за Транспорт и Врски, Благој Бочварски ги демантира обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски дека Општина Штип и додели тендер на семејната фирма на Бочварски, Де Лукс Доо. Побара да му се извини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во спротивно најави тужба за клевета.
„Најостро демантирам, ниту фирмата аплицирала некогаш на тендер на Општина Штип, ниту добила тендер од Општина Штип, откако станав градоначалник.

Фирмите на моето семејство постојат 25, 30 години, вработуваат луѓе и редовно исплаќаат плата.
СДСМ покажува стандарди на одговорно и отчетно владеење, незамисливи за периодот зад нас.
Злоупотребите нека си ги бараат кај себе во “белата палата”, а во меѓувреме од Арсовски барам да се извини во спротивно ќе ги употребам сите правни механизми вклучувајќи и тужба за клевета“, објави Бочварски на својот Фејсбук профил.
Д.М.