Вкупно 2717 домашни, меѓунардни организации, новинари и преведувачи ќе го мониторираат денот на гласање

Изборниот ден на предвремените парламентрани избори на 15 јули ќе го набљудуваат 8 акредитирани граѓански организации од земјата со вкупно 2508 домашни набљудувачи.

Акредитирани се и 21 меѓународни набљудувачки мисии, амбасади и преведувачи или вкупно 154 меѓународни набљудувачи и преведувачи. Исто така, Државната Изборна комисија акредитираше 55 странски новинари што ќе известуваат за текот на денот на гласање на 15 јули.

ЦИВИЛ ќе ги набљудува изборите со 314 акредитирани набљудувачи, кои на изборниот ден ќе бидат мобилни, според воспоставената методолигија за изборен монторинг. Набљудувачите на ЦИВИЛ ќе покриваат 15 категории на нерегуларности, вклучувајќи го политичкото финансирање и почитување на протоколите за заштита од Ковид-19.

Домашни организации што исто така ќе го набљудуваат денот на гласање се Инклузива со 86 набљудувачи, МОСТ со 1212 набљудувачи, АКСИОС -2017 со 830 набљудувачи, Национален ромски центар – Куманово со 38 набљудувачи, Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид,
Скопје со 15 набљудувачи, Македонски центар за култура и развој со 4 набљудувачи и Заедно можеме – Гостивар со 9 набљудувачи.

Како акредитирани меѓународни набљудувачи и преведувачи ќе мониторираат ИФЕС, ОБСЕ/ОДИХР, Амбасада на Канада во Белград, Амбасада на Република Албанија, Амбасада на Кралство Холандија, Амбасада на Франција, Амбасада на Црна Гора, Амбасада на Република Бугарија, Амбасада на Босна и Херцеговина, Амбасада на Република Хрватска, Амбасада на Косово, Амбасада на Велика Британија и Северна Ирска, Делегација на Европска Унија и Амбасада на Република Чешка.

Акредитирани странски новинари кои ќе известуваат за изборите ќе имаат Њуз247 – Грција, Гласот на Америка, Ал Џезеира – Англиски јазик, Associated Press, Ал Џезеира Балкан, Европска фото прес агенција – ЕПА, Ројтерс, Франс Пресс, Радио Телевизија Косово, Турска Радио Телевизија, Еуро Њуз Албанија, ББЦ Србија, АНА – МПА и ЕРТ Грција, Агенција Анадолу и АРД Германија.

Вкупно 2717 домашни набљудувачи, преведувачи, меѓународни набљудувачи и странски новинари ќе го набљудуваат изборниот процес.

На денешната седница на Државната изборна комисија се одлучува за дополнителни акредитации ББЦ Србија, Евроњуз Албанија, Македонски центар за култур и развој, Агенција Анадолу Турција, АНА-МПА, ЕРТ Телевизија Грција, Здружение на лица со посебни потреби Заедно можеме – Гостивар АРД Германија.