Избирачки места во Куманово сместени во несоодветни просторни услови за гласање

Според Описот на избирачки места за предвремените парламентарни избори 2020, во Поликлиниката „Тоде Мендол“ во Куманово се сместени две избирачки места, 1035 и 1036.

Иако Државната изобрна комисија ги проверуваше условите за гласање во избирачките места, дали се оспособени согласно мерките за заштита од корона вирусот и дали обезбедуваат услови за безбедно гласање и барање на други простории за овие две избирачки места, набљудувач на ЦИВИЛ од Куманово испрати фотографии што го докажуваат спротивното.

Фотографиите покажуваат скршени прозорци и запуштеност, односно не санирање на штетите настанати од 9 мај 2015 година, кога во Диво Насеље (каде што е сместена поликлиниката) се случи „малата војна“.

Просториите што се користат како избирачки места се пространи, но останува да се види колку се средени, дезифинцирани и приспособени за гласање.

ЦИВИЛ ќе ги мониторира изборите на 15 јули со 314 набљудувачи.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

This post is also available in: Albanian