Граѓански новинар од Скопје до редакцијата на ЦИВИЛ Медиа испрати фотографии и видео од градинка во Чаир, која врши религиозна индоктринација на децата кои ја посетуваат установата!
На видеото и фотографиите кои граѓанскиот новинар ги презел од Фејсбук страницата на детската градинка "Bleta" („Пчела“) , која по жестоките реакции од граѓаните на социјалните мрежи, во текот на вчерашниот ден беше избришана.
На видеото се гледа како децата вршат ритуално одење и верско пеење околу црна кутија која ја претставува импровизираната „Каба“ - свет објект во џамијата во Мека.
Потоа следуваат фотографии на кои се гледа како децата се учат да клањаат. Градинката дури има и „табло“ на третата генерација на кое има фотографии и од негувателките од кои едната е во никаб (наметка која целосно ја покрива жената, освен пресек на платното кај очите).
Видеото и фотографиите предизвикаа лавина од реакции на социјалните мрежи.