ЦИВИЛ – Центар за слобода неодамна покрена интересна иницијатива „Барам одговор!“. Идејата е инотвативна, преку видео или селфи видео, граѓанките и граѓаните да постават прашање до политичар/политичарка или јавна личност, а снимката ЦИВИЛ ќе ја објави на своите онлајн канали. Доколку прашањето е провокативно или едноставно, граѓан(к)ите сакаат да останат анонимни, оставена е опција да се снима објект или некоја ситуација, додека се поставува прашањето.
На Фејсбук страницата на ЦИВИЛ веќе излегоа неколку видеа во кои граѓаните поставуваат прашања до институциите и до надлежните органи со прашања кои, на пример, се одесуваат на подобрување на здравството во Македонија, на иднината на младите, како и промотивното видео со кое се повикуваат граѓанките и граѓаните да проговорат, да снимаат и фотографираат, со овозможен слободен простор на онлајн каналите на ЦИВИЛ, за јавен притисок кон институциите што често се глуви за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
„Одберете еден политичар/политичарка или јавна личност кому би му поставиле прашање. Прашањата пратете ги во видео формат (селфи видео) на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, Фејсбук страницата на граѓанските новинар(к)и (приватна порака) или на [email protected]. Прилозите во кои не се гледа ликот на авторката/авторот, се подразбира дека ќе бидат анонимни, а ЦИВИЛ нема да го открие идентитетот. Во секој случај, ЦИВИЛ мора да го знае идентитетот и контактот на поставувачот на прашањето, кои секако, нема да ги открие“, стои во повикот на Инцијативата „Барам одговор“.