Работилница за граѓанско новинарство во Скопје

Во просториите на ЦИВИЛ вчера се одржа работилница за граѓанско новинарство. 

Младите учесници имаа можност да се запознаат со улогата на граѓанското новинарство во општеството и како преку фотографија или видео запис можат да известуваат и информираат за проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневие.

На работилницата тимот на ЦИВИЛ им даде можност простор за дискусија на темите кои ги опфаќа проектот „Граѓански објектив“.

Преку практични примери за како да ги искористат технолошките придобивки на модерното време им беа пренесени искуствата и успеси на досегашните граѓански новинарки и новинари.

На граѓанските новинарки и новинари им стои на располагање веб страницата clp.mk наменета за нивните стории како и Фејсбук станицата Citizen Journalists Macedonia.

Работилницата е дел од проектот Граѓански објектив е поддржан од National Endowment for Democracy.

This post is also available in: AlbanianEnglish