Здравков: Пописот е потребен, никој не е повикан да бојкотира, но нема доверба

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Здравков, на панелот на ЦИВИЛ „Попис: статистика да, политика не“ изрази сомнеж за начинот на пописот.

„20 години немаме попис, имаме еден обид пред 10 години и знаеме сите како заврши тој попис, да не навлегуваме во причините. Она што нас како луѓе и функционери и опозиција во државата не кочи и не прави сомничави е начинот на остварување на целата оваа постапка. Можеби вие како граѓанска иницијатива малку доцните со ваков настан. Злоупотребата на европското знаме и донесување закон по скратена постапка е прва работа која постигнува сомнеж. Нема јавност меѓу граѓаните и во собранието. Се донесува по скратена постапка небаре ни гори под нозете. За ваква операција е потребен консензус, за сите да бидеме задоволни. 10000 потписи и со нив се докажува дека колку и да е добра намерата за попис, толку е и голем и сомнежот. Иако нудевме одредени доработка на текстот на законот ниеден амандман на опозицијата не беше прифатен, повторно сомнеж. Со ова време на нов пик да се организира ваква масовна операција исто буди огромен сомнеж, буди и страв дека и можеби ке дојде повторно до несакани здравствени ситуации. Не помина и предлогог за онлајн попис, но ништо не се прифати. Како сега од тој аспект гледано, реакцијата на власта исто пројавува сомнеж дека нешто не е во ред. Пописот е потребен, никој од опозицијата не е повикан, ни на општинско ни на локално ниво не е повикан на бојкот. Повикот од органите на сдсм да се пријават како попишувачи, добро луѓе сакаме ли да градиме доверба или не? Не знам во иднина како ќе стекнеме еден минимум доверба, да, ние сме комшии и пријатели, но на политичка сцена ние си немаме доверба. Дециден став никој не зазема став дека треба да бојкотира. Ако некој сака да го злоупотреби, нека му служи на честа а тоа во иднина ќе се покаже, изјави Здравков.

This post is also available in: English