Говор на омраза и закана за активистот Ненад Јовановиќ

На активистот Ненад Јовановиќ му се упатени јавни закани на Фејсбук страната „Налет да се сторите“ дека нема да смее да излезе на улица откако гостуваше на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, во која зборуваше дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев не погреши што постигнаа Договор со Грција со кој се смени името на државата.

Објавата на „Налет да се сторите“ од неколкуминутното видео во кое зборува Јовановиќ не шири директно говор на омраза, меѓутоа ги поттикнува граѓаните да користат експлицитен говор на омраза и закана. Еден од таквите коментари е и коментарот на Фејсбук страницата „Слобода или смрт“ кој гласи: „Ууу копиле едно, ќе се појавиш на улица“, а истиот го поддржале повеќе лица.

Друг коментар на Александар Филиповски гласи: „Ќе ви дојде крајот, е тогаш ќе го почуствувате гневот на македонскиот народ“.

Институциите треба веднаш да ги санкционираат ваквите јавни закани и повици за линч на неистомислениците.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ