Ви го претставуваме Јордан Груев, мразачот од Мелбурн, Австралија

По текстот и осудата од ЦИВИЛ за говорот на омраза кон починатата пратеничка од првиот состав на македонскиот Парламент, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ратка Димитрова, мајка на политичарот и шеф на дипломатијата Никола Димитров, говорот на омразата продолжи и на Твитер од Јордан Груев.

„До Цивил: И вие од Цивил да цркнете како и сите во фамилијата на Никола Димитров. Нека повели МВР“, пишува Груев.

Но, кој е мразачот Јордан Груев?

На неговиот Твитер профил пишува дека е од Мелбурн, Австралија, дека е активист за слободна, обединета и независна Македонија за Македонците. Иницијатор на политичката партија „ВМРО ДПМНЕ“ во 1989 година.

Најчесто од Австралија објавува за политичката ситуација во Северна Македонија. Таков е и примерот за вчерашниот протест, кој повикуваше на масовност, односно да излезат Македонците на улица. А тој, наместо да биде во првите редови, протестот (не) го следеше (ниту) во живо на социјалните мрежи?

Ваквите „патриоти“ кои „душа даваат“ за Македонија се најчестите хушкачи на социјалните мрежи. Очигледно се свесни за тоа како (не)функционира нашето обвинителство и МВР, и затоа може да си дозволат да се чаталат „нека повели МВР“, бидејќи знаат дека се заштитени во Мелбурн, Австралија.

Но, веруваме дека ќе профунционира системот и конечно ќе има правда, односно секој ќе одговара за ширење на говор на омраза, без разлика дали живее во земјава или живее надвор од Северна Македонија.

Д.М.