Рогожарска Поповска: Попис ни е неопходен бидејќи проектите што ги правиме се според податоците од пред 19 година

Претседателката на пописна комисија, Маријана Рогожарска Поповска, на панел дискусијата на ЦИВИЛ:„Попис: Статистика, не политика“ во Штип вели дека сегашните програми ги прават и се водат според пописот од 2002 година.

„Попис ни е неопходен за да знаеме каде се движиме. Ние имаме факултет во Штип, но немаме статистика колку жители имаме со високо образование, или се со средно.

Опозицијата бара целосно електронски попис, но ние не знаеме колку писмено население имаме, колку знаат да раководат со компјутери. Ние не знаеме колку луѓе се иселени и кои се причините за нивното иселување за да правиме стратегии во иднина.

Со оглед на тоа дека 19 години немавме попис тоа значи дека можни се грешки, но не смееме да се откажеме.

Во 2019 година имавме пилот проект во 13 општини каде се спроведе попис и тоа помина без проблем. Кога ги работиме програмите ние мора да имаме реални податоци“, вели Рогожарска Поповска.

This post is also available in: English