Корона вирусот се држи во „карантин“, мерките се почитуваат максимално

Трет ден по откривање на првиот позитивен случај, корона вирусот успешно се држи под контрола и нема знаци на проширување на заразата.

Сомнителните случаи и луѓето кои имале контакт со нив се набљудуваат во изолација, а институциите успешно ги спроведуваат мерките и протоколите за претпазливост. Денеска дури и вработените на наплатните рампи работат со ракавици, а истите мерки се почитуваат и во сите институции кои имаат контакт со странки.

Голема помош за справување со новосоздадената ситуација е и совеста на граѓаните кои, според информации од институциите, овие денови избегнуваат непотребна комуникација и присуство во институциите.

Како што денеска извести и министерот за здравство, Венко Филипче, будно се внимава на граѓаните кои патувале надвор од земјата или имале контакти со потенцијално заразени лица.

Филипче извести дека нема нов случај, а и единствената пациентка закрепнува и веќе втор ден нема температура.

А. Зеќири