Учествувајте во #ГраѓанскиОбјектив и добивајте награди

Учествувајте во проектот #ГраѓанскиОбјектив, станете дел од големото семејство на граѓански новинарки и новинари ширум светот кои го менуваат општеството. Со вашето видео или фотографија на тема кршење на човековите права и слободи, злоупотреби и неправди, придонесувате кон поодговорни и потранспарентни институции.

Воедно, станувате потенцијален добитник на една од петте интересни награди за граѓанско новинарство, кои ЦИВИЛ ги доделува секои два месеци.

Учеството може да биде и анонимно. Следното доделување на наградите е на 11 август (петок) во хотелот Сити Парк со почеток од 11 часот. Краен рок за испраќање прилози со фото или видео сторија е до 9 август (среда), 17 часот. Прилозите пристигнати по тој датум ќе бидат земени предвид за награда во последниот циклус за оваа година кон крајот на септември. Затоа, побрзајте!

Покрај горенаведените теми можете и да ни пратите видео и за иницијативата #БарамОдговор. Идејата на оваа иницијатива е, преку видео или селфи видео, граѓанките и граѓаните да постават прашање до политичар/политичарка или јавна личност, а снимката ЦИВИЛ ќе ја објави на своите онлајн канали. Доколку прашањето е провокативно или едноставно, граѓан(к)ите сакаат да останат анонимни, оставена е опција да се снима објект или некоја ситуација, додека се поставува прашањето.

Граѓански објектив е проект на ЦИВИЛ кој веќе втора година им отвора можност на граѓанките и граѓаните да ги објавуваат своите стории слободно и без цензура. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy.

This post is also available in: AlbanianEnglish