Главниот и одговорен уредник на „Капитал“ Љупчо Зиков, на панел-дискусијата на ЦИВИЛ зборуваше за пописот од економска гледна точка.
„Се радувам што на економијата и се дава можност да се искаже во ваква ситуација.
Во 30 години, во Република Северна Македонија, политичарите како да не се свесни за многу работи. За жал, македонските политичари, не ја сфаќаат смислата за постоење на политичка сцена. Политичката сцена не постои за нивните кариери или нивните животи. Не сфаќаат дека треба да им служат на граѓаните во неколку области. Анахроно и глупаво е да се зборува дека Македонија располага со бројки од пописот од 2002 година.
Ако тргнеме дека и тој попис во 2002 е направен пост конфликтно, со можеби до крај не точни податоци поради раселеноста во тој период, и прашање е и тој попис колку е валиден и веродостоен. Во целата независност од 30 години, јас кажувам мое лично мислење е дека има мала релеванција во двата пописа. И ако тоа го земеме како логична матрица, правиме многу битен и сериозен попис.
Попис во 2021 година никаде во светот не е тема. 3а мене 3 клучни постулати се важни. Податоците од пописот се база за стратешка економска политика на Владата. Битно е и кај компаниите и физичките лица за деловна политика. И трето-,пописот е битен за пописни политики. Пример, сакаат да градат спортска сала. За колку луѓе треба да се направи таа сала?
Зошто е битен пописот? Кога една компанија инвестира, колку луѓе се потребни за таа компанија? Знаат ли компаниите колку производи треба да направат за да го задоволат пазарот?
Ние треба да си ги преброиме како и граѓаните така и потрошувачите, бидејќи современиот збор за граѓанин е потрошувач. Затоа пописот е статистичка операција. Третиот аспект се државно-економски и стратешки политики. Пописот мора да се направи. Хипотетички да кажеме дека нема да се одржи годинава пописот. Подоцна тоа треба да го правиме под силен притисок на ЕУ“, истакна Зиков.