Најчевска: Пописот од чисто статистичка се претвори во чисто политичка операција

„Пописот е одложен, но останува прашањето – зошто е одложен? Мене ми е нејасно, зошто е одложен пописот, дали е одложен поради пандемијата бидејки однесувањето на граѓаните не покажува дека постои страв од пандемија. Можеби пописот се одложи поради лошиот Закон и методологија за одржување на попис, но очигледно причината не е Законот за попис, бидејќи веќе се собрани илјадници податоци од дијаспората и би било нелогично сега да се менуваат“, истакна професорката Мирјана Најчевска, експертка за човекови права, на панелот на ЦИВИЛ, „Попис: Статистика, не политика“.

„Овој момент е проблематичен, бидејќи пописот е статистичка и важна операција, но неспорно е дека оваа операција кај нас е политичка операција. Од чисто статистичка се претвори во чисто политичка операција.

Бројките станаа предмет за добивање на права на одредени етнички заедници, по потпишување на Охридскиот рамковен договор.

Навистина не знам како политичките партии ќе ги убедат граѓаните дека пописот е статистичка, а не политичка операција кога двајца политички лидери седнаа на маса и се договорија за одложување на пописот.

Наместо да ги слушнеме бенефитите од пописот, ние слушнавме дека пописот е патриотски чин. Каква врска има патриотизмот со статистичката операција. Моментот кога почна да се повикува на бојкот, веднаш се стави политиката на прво место.

Политика е и тоа што Артан Груби почна да повикува сите Албанци да се попишуваат.

Наместо да се влезе во кампања за тоа кои бенефити ќе се добијат од статистичките податоци, политичарите водеа политички кампањи.

Поимите дијаспора и иселеници дојдоа до забуна не можеа да се договорат кој термин да го користат. Апликацијата за самопопишување е со лош англиски јазик дознав од мои блиски луѓе кои живеат во странство.

Не смее Собранието да биде слуга на политичките партии, и треба да ја преземе улогата оваа статистичка операција да не се претвори во политичка.

Треба да целиме да се прави целосно електронски попис со вкрстување на податоците“, вели Најчевска.

This post is also available in: AlbanianEnglish