Заврши дводневната серија настани, продолжува граѓанскиот форум на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ организираше серија панел дискусии и други онлајн настани со заеднички наслов „Национализам“ на 18 и 19 август. Настаните, во најголем дел, се пренесуваа во живо на Фејсбук страницата на организацијата, а повеќе содржини беа и ќе бидат објавени на медиумската платформа на организацијата. Настаните се дел од најновата акција на ЦИВИЛ „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“. Настаните се совпаднаа со успешното завршување на меѓупартиските преговори за формирање влада.

Програмата започна со едночасовна панел дискусија со универзитетските професорки Мирјана Најчевска и Виолета Петровска Бешка. Модераторка беше Диана Тахири од ЦИВИЛ.

Професорката Мирјана Најчевска истакна дека кога зборуваме за национализмот секогаш мислиме на негативно нешто. Меѓутоа, припаѓањето и чувството на некоја нација е нешто добро. Но, кога сите аспекти ќе се покријат со иста боја е лошо.

„Наместо да се развива чуството на индивидуалност по осамостојувањето, ние го задржавме на еден специфицен начин пристапот на колективитети. Наместо да го развиеме граѓанството, сè уште се задржавме во политичко и правно милије на колективитетите“ – констатира Најчевска.

проф. Мирјана Најчевска

Таа се осврна и на Охридскиот договор, во чија преамбула се неаведува дека ќе се развива граѓанско учесво, но после 2-3 члена на самиот договор, повторно се зборува за колективитетите. Се зборува за бројки и проценти за да може одреден колективитет да си ги оствари своите права. Индивидуата не може да биде препознаена ако не припаѓа на колективитетот. Најчевска вели дека негативен национализам е оној што се базира на етничка припадност. Според неа, партиите не се веќе места каде се здружуваат индивидуите, туку претставуваат здружување на етничките колективитети, вели Најчевска.

Професорката Виолета Петровска Бешка вели дека правно политичко гледиште е различно од плихолошкото гледиште за национализмот.

„Национализмот ќе го поврзам со идентитетот, личноста има потреба да гради позитивна слика за себе. Идентитетот освен личен има и социјална комонента. Пример има родов идентитет, професионален, етнички, религиски идентитет итн…“, истакна Петровска Бешка.

Втората панел дискусија продолжи со Филип Стојановски, од Фондацијата Метаморфозис и Петрит Сарачини, ЦИВИЛ. Модератока на оваа панел дискусија беше Биљана Јордановска од ЦИВИЛ.

На почетокот на дискусијата следуваше видео со наслов „5 минути омраза“.

Сарачини објасни дека насловот доаѓа од Орвеловите „2 минути омраза“ во неговиот роман „1984“. Се работи за скица на краток документарен видео запис кој говори за тоа како се потикнува омразата, особено во предизборниот период.

„Пред сè доминира национализмот и меѓуетничката омраза која се шири од одредени центри на моќ, кои се припадници на одредена политичка партија. Ако гледате во изминатите неколку години со падот на режимот на Груевски се намали меѓуетничката омраза, но национализмот е се уште присутен. За време на изборите повторно се говори за меѓуетнички односи, односно гледаме дека тие се ставени под тепих“, истакна тој.

Филип Стојановски од Метаморфозис вели дека живееме во свет на радикално различни содржини во социјалните мрежи. Ова донесува и до некомуникација меѓу родителите и децата. Децата учат од јутјуб, а не од родителите.

„Наместо словенка азбука, во Бугарија се користи бугарска кирилица и тие се чудат зошто се нарекува словенска, бидејќи тие учеа дека тоа е бугарска азбука…“, вели Стојановски.


Активистите Јане Ѓорѓиоски и Ариан Мехмети, зборуваа на истата тема. Нив на разговор на тема „Национализам“ ги покани Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Ариан Мехмети вели дека пред точно 20 години се појави серијата „Наше маало“, тогаш имав само 10 години и единствен впечаток ми остави зградата која зборува ме потсетуваше на гумени бомбони. Во таа серија сите беа главни ликови, сите зборуваа на својот јазик и се разбираа. Таа серија има голем удел во моето развивање. И други такви проекти имаа удел во развивањето кај одредена генерација. И жалам што тие што не ја гледаа таа серија.

Јане Ѓорѓиоски вели дека доаѓа од Прилеп каде што е моноетничка средина, и немаше прилика да се сретне со други етнички заедници, се до 25 година кога служеше војска во Струмица.

„Во касарната имаше и едно младо момче од Лојане кој имаше страв да држи стража навечер и заедно со мене кој имав слаб вид држевме два месеца секој ден стража. И во тие ноќни стражи имав прилика да се соочам со сите предрасуди што дотогаш ги имав. Кога ќе слушнам „да ги споиме различностите“, се прашувам кои различности, ние немаме различности“, истакна Ѓорѓиоски.

Јане Ѓорѓиоски и Ариан Мехмети

Бранимир Јовановиќ говореше за национализмот и социјалната правда во интервју за ЦИВИЛ кое го направи Биљана Јордановска.

Јовановиќ за ЦИВИЛ изјави дека во овие избори победи национализмот, односно политички партии кои пропагираа национализам. Тој вели дека оваа влада која ќе се формира ќе има потешка задача од претходната. Пример, ќе зависи од еден или двајца пратеници кои ако се налутат ќе си заминат од владата и во тој случај ќе немаме влада. Оваа влада ќе биде влада на уцени.

Бранимир Јовановиќ во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА. Интервјуто го води Биљана Јордановска.

Вториот ден продолжи со панел дискусија на која учествуваа граѓанските активисти Фари Хисени од МОФ, артистката и граѓанската активистка Владанка Димковска и активистката на Хоризон Цивитас, Самет Шабани.

Фари Хисени смета дека темата е многу важна бидејќи национализмот како поим е дури и корисен за општеството.

– Би сакал да направам една дистинкција помеѓу национализмот и патриотизмот. Не се штетни по општеството, бидејќи би требало да служат за подобрување на општеството. Но, бидејќи кај нас во моментот се преминува во екстремен национализам, ултранационализам, тогаш се прави штета. Тоа е бидејќи тие групи имаат потреба да докажат дека се над другите етнички групи, едноставно да покажат дека се најдобрите и најсупериорните над другите етнички групи. Кога има еден извор е полесно да се справи со тој проблем, но има повеќе чинители на овој ризичен национализам.

Фари Хисени, МОФ

Владанка Димковска вели дека според неа секој вид национализам е лош.

– Не мислам дека национализмот и патриотизмот се поврзани, љубовта кон татковината не нè прави националисти, но омаловажувањето на другите националности нè прави. Во последно време ова го има и кај младите, посебно на социјални  мрежи, графити, по автобуси. Мислам дека и во образованието има национализам, и од таму  треба да се искорени национализмот. И, семејствата во коишто тие млади растат, вели Димковска.

Владанка Димковска, актерка и активистка

Самет Шабани смета дека кај нас параметрите на национализмот се градат преку негативен идентитет кон другиот – што повеќе го мразиш толку повеќе ги сакаш своите. Спортот е таков пример, кој многу се злоупотребува од популистички и политички цели.

Шабани вели дека има два ефикасни начини за справување со национализмот. Контра наративот е преку отворено спротивставување веднаш, со истата силина што е потребна за да се шири национализмот. Долготорајно, според него, е добро да се спроведуваат алтернативни наративи што можат да донесат инмпакт на подолг период, со позитивни начни за придонес на целото општество.

Самет Шабани, активист

Освен настаните што се пренесуваа во живо, тимот на ЦИВИЛ МЕДИА направи и низа интервјуа со истакнати јавни личности и експерти кои ќе бидат објавени во текот на наредните денови.

Но, тоа ни оддалеку не е сè. ЦИВИЛ продолжува со акцијата „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“ од кои ќе произлезат низа документи за креирање на политики кои ќе бидат презентирани пред јавноста и ќе бидат доставени до Владата.

ЦИВИЛ води и неколку други граѓански иницијативи кои, со конституирањето на новиот парламент, се обновија и ќе бидат засилени уште повеќе во наредниот период. Претходниот состав на македонското собрание, со ретки исклучоци, немаше слух за иницијативите на ЦИВИЛ, особено што се однесува до иницијативата за укинување на привилегиите на функционерите. „Нема да ги оставиме рамнодушни овој пат.“ – изјави првиот човек на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

Следните активности на ЦИВИЛ се состојат во уште настани од овој вид, постизборен мониторинг, семинари, теренски активности, а се разбира и континуираната и динамична медиумска продукција.

А. П.