Активистите Фари Хисени, Владанка Димковска и Самет Шабани говорат за национализмот во Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ

Серијата панели од Граѓанскиот форум  на тема национализам продолжува и денеска, со граѓанските активисти  Фари Хисени – МОФ, Владанка Димковска актерка и активистка и Самет Шабани, Хоризон Цивитас, панелот го модерира Дехран Муратов, ЦИВИЛ.

Граѓански форум на ЦИВИЛ

Тема: НАЦИОНАЛИЗАМГости: Фари Хисени, Владанка Димковска, Самет Шабани

Gepostet von Civil MK am Mittwoch, 19. August 2020

Фари Хисени смета дека темата е многу важна бидејќи национализмот како поим е дури и корисен за општеството.

– Би сакал да направам една дистинкција помеѓу национализмот и патриотизмот. Не се штетни по општеството, бидејќи би требало да служат за подобрување на општеството. Но, бидејќи кај нас во моментот се преминува во екстремен национализам, ултранационализам, тогаш се прави штета. Тоа е бидејќи тие групи имаат потреба да докажат дека се над другите етнички групи, едноставно да покажат дека се најдобрите и најсупериорните над другите етнички групи. Кога има еден извор е полесно да се справи со тој проблем, но има повеќе чинители на овој ризичен национализам.

Фари Хисени, МОФ

Владанка Димковска вели дека според неа секој вид национализам е лош.

– Не мислам дека национализмот и патриотизмот се поврзани, љубовта кон татковината не нè прави националисти, но омаловажувањето на другите националности нè прави. Во последно време ова го има и кај младите, посебно на социјални  мрежи, графити, по автобуси. Мислам дека и во образованието има национализам, и од таму  треба да се искорени национализмот. И, семејствата во коишто тие млади растат, вели Димковска.

Владанка Димковска, актерка

Самет Шабани смета дека кај нас параметрите на национализмот се градат преку негативен идентитет кон другиот – што повеќе го мразиш толку повеќе ги сакаш своите. Спортот е таков пример, кој многу се злоупотребува од популистички и политички цели.

Шабани вели дека има два ефикасни начини за справување со национализмот. Контра наративот е преку отворено спротивставување веднаш, со истата силина што е потребна за да се шири национализмот. Долготорајно, според него, е добро да се спроведуваат алтернативни наративи што можат да донесат инмпакт на подолг период, со позитивни начни за придонес на целото општество.

Самет Шабани, Хоризон Цивитас

Познавањето и поимањето на човековите права треба да биде инкорпорирано во образованието, како појдовна точка за градење на добри практики кај младите во градењето на нивниот идентитет, што би придонело да намалување на влијанието на негативните наративи во општеството, сметаат панелистите.

Панелистите ги поставија и тезите за превенција на национализмот. Хисени го истакна позитивниот пример на менување на учебниците за граѓанско општество во 8 и 9 одделение, во рамки на меѓуетничка интеграција во образованието.

Д. Т.