Ѓорѓиоски и Мехмети говорат за национализмот

Серијата онлајн настани, интервјуа и состаноци на ЦИВИЛ со заеднички наслов „Национализам“, продолжува активистите Јане Ѓорѓиоски и Ариан Мехмети, ЦИВИЛ. Модератор на оваа панел дискусија е Џабир Дерала.

Дерала на почетокот од панелдискусијата истакна дека во изминатиов период нашата држава се наоѓа во инфодемија. Тој нагласи дека во политичките кампањи од одредени политички партии за глас повеќе се истакна етничката омраза.

Идејата за премиер Албанец на ДИУ предизвика голем број омраза.

Во националистичките кругови нема различни мисења, таму нема дебата, за разлика од граѓанското општество каде има различни милсења и конструктивна дебата.

Ариан Мехмети вели дека пред точно 20 години се појави серијата „Наше маало“, тогаш имав само 10 години и единствен впечаток ми остави зградата која зборува ме потсетуваше на гумени бомбони. Во таа серија сите беа главни ликови, сите зборуваа на својот јазик и се разбираа. Таа серија има голем удел во моето развивање. И други такви проекти имаа удел во развивањето кај одредена генерација. И жалам што тие што не ја гледаа таа серија.

Јане Ѓорѓиоски вели дека доаѓа од Прилеп каде што е моноетничка средина, и немаше прилика да се сретне со други етнички заедници, се до 25 година кога служеше војска во Струмица.

Во касарната имаше и едно младо момче од Лојане кој имаше страв да држи стража навечер и заедно со мене кој имав слаб вид држевме два месеца секој ден стража. И во тие ноќни стражи имав прилика да се соочам со сите предрасуди што дотогаш ги имав. Кога ќе слушнам „да ги споиме различностите“, се прашувам кои различности, ние немаме различности.

Премиерот Албанец нè натера да разговараме за теми што досега не ги разговаравме.

Мехмети вели дека младите треба да креираат идеи и државата да ја однесат понапред, а не да ги слушаат само политичарите.

Ѓорѓиоски вели дека во изминатите неколку години немаше толку тепачки по автобусите, се смени атмосферата пред избори да се создаваат тензии, особено кај младите.

„Немам проблем да биде премиер Албанец, но ми пречи политичката партија ДУИ да наметнува премиер Албанец, дури и без да го знае кандидатот“.

„Во населбата во која живеам порано и Македонците зборуваа албански, и Албанците зборуваа македонски, сега е малку сменето, никој не зборува албански јазик“, вели Мехмети.

Ѓорѓиоски вели дека проблемот е во образованието, никој не може да му „даде некакви права“ на некој кога тие права му следуваат.

Дехран Муратов