Лажна вест за ширење паника преку целосно извртување на изјавата на Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг никогаш не рекол дека поставувањето на 5G технологија е услов за членство во НАТО. Напротив, вистината која може лесно да се открие стои и во самата содржина на текстот објавен со сосема спротивен наслов.

Столтенберг вели дека земјите кои веќе имаат или ќе одлучат да инсталираат 5G мрежа мораат да ги имплементираат поставените безбедносни правила кои важат за сите членки на Алијансата. Или, поедноставено, генералниот секретар на НАТО го изјавил тоа за што и се грижат многу луѓе во светот, мрежата да исполнува безбедносни стандарди, а не дека земјите мораат да имаат таква 5G мрежа.

„Постојат стандарди кои мора да се исполнат кога е во прашање цивилната инфраструктура и телекомуникација, како што е 5G. Тоа се однесува и на новите идни членки, како Македонија. Овие стандарди не се однесуваат на земјите кои не се членки, но, ние можеме да ги замолиме или да ги советуваме тоа да го направат”, изјавил Столтенберг, а оваа изјава е објавена и во самата содржина на оваа вест со лажен наслов.

Нелогичноста на овој наслов се потврдува и со фактот што Северна Македонија веќе стана членка на НАТО а се уште нема 5G мрежа.

А.З.