Со мојот глас секогаш ја казнувам претходната власт!

Притворите почнаа и на власта да и натежнуваат, бидејќи ако почнат цело време да притвораат ќе нема услови и место во затворите. Еве според некоја анализа се проценува дека за еден затвореник државата плаќа дневно по 950 денари, додека за затвореник со електронска контрола (алка) се издвојува по околу 50 денари на ден, вели една граѓанка.

„Пуштете ги луѓето кои не направиле голем криминал од затвор, ќе ги имате под контрола тие луѓе, бидејќи ќе имаат чипови за следење. Тие луѓе треба да се афирмираат и да работат општествено корисна работа. Се сеќавам на продавницата на КПД „Идризово“, од каде купувавме најубаво кисело млеко. На тој начин ќе им се олесни казната на луѓето што направиле поситен криминал. Додека пак за тие што направиле голем криминал државата треба да направи конфискација на имот  и политиката да се тргне на страна“, додава таа.

Таа истакна дека секогаш на избори гласа за да ја казни претходната власт бидејќи не работела како што треба.

Таа додава дека младите избегаа од државата и нема кој да го крене гласот како што беше во Шарената револуција.

Дехран Муратов
Камера и монтажа: Ариан Мехмети