ГРАЃАНСКИ ОБЈЕКТИВ: Повеќе од проект

<strong>ГРАЃАНСКИ ОБЈЕКТИВ: ПОВЕЌЕ ОД ПРОЕКТ - </strong>ГРАЃАН(К)ИТЕ УЧЕСТВУВААТ, НАБЉУДУВААТ, ИЗВЕСТУВААТ
Публикација на проектот:
ГРАЃАНСКИ ОБЈЕКТИВ - ПРОЕКТ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОДГОВОРНОСТА ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОЦЕСИ.<!--more-->

Пред вас е уште една публикација на проектот Граѓански објектив, посветен на промоцијата на транспарентноста и одговорноста во политичките процеси. ЦИВИЛ, со поддршка од National Endowment for Democracy, го започна овој проект во октомври 2015 година. Многу брзо, овој проект прерасна во нешто многу повеќе од проект. Тој стана дел од начинот на дејствување на организацијата, а секако стана важна компонента во процесите на креирање методологии и пристапи на организацијата во целост.
Едноставно, проектот Граѓански објектив ги надмина сите очекувања на тимот на ЦИВИЛ. Започнавме со промоција на граѓанското новинарство како иновативен и креативен, а истовремено едноставен начин за учество во промените во општеството и во улогата и функционирањето на медиумите.
Развивме широка и многубројна мрежа од активисти кои се запознаа со граѓанското новинарство – активизам и медиумска продукција ослободена од стеги, страв и цензура. Преку граѓанскиот активизам и технолошките придобивки граѓанките и граѓаните посочивме на можноста граѓанките и граѓаните секогаш да бидат први на „фронтот“ со точни, објективни и навремени информации.
Граѓанските новинарки и новинари се свесни и активни граѓанки и граѓани што сакаат да предизвикаат промени во своите заедници на локално и на национално ниво. Проектот го приближи граѓанското новинарство до секого што сака да учествува во демократските трансформации на општеството.
Граѓански објектив уште на самиот почеток прерасна во простор каде што, преку фотографии, видео, текстови и скриншотови се објавуваат прилози што ја претставуваат вистинската слика на нашето општество, онаква каква што мејнстрим медиумите не можат или не сакаат да ја доловат.
Вештините и знаењата да го имаат тој ефект во јавниот и медиумскиот дискурс беше дел токму од едукативниот материјал предаден на бројните семинари. И самиот тим на ЦИВИЛ научи многу во текот на имплементацијата на проектот и на сите активности на организацијата. На некој начин, овој проект се вброи во неколкуте најуспешни проекти на организацијата во текот на нејзиното 20 годишно постоење.
Во оваа публикација објавуваме избор од текстови што ги подготви тимот за имплементација на проектот, кои се однесуваат на различни компоненти и постигнувања на проектот. Како што кажавме на почетокот, а ќе го видите тоа и како наслов во оваа публикација, ова е многу повеќе од проект, затоа што, на самиот почеток на имплементацијата, ова стана простор во кој може да се каже дека проектот им припаѓа на сите заинтересирани граѓанки и граѓани што се подготвени да учествуваат во демократските промени во нашата земја. Сѐ што е потребно за учество во овој проект е добра волја и спремност да се бранат човековите права и слободи. Ова не е проект на ЦИВИЛ, ова е ТВОЈ ПРОЕКТ.

<a href="https://www.civil.org.mk/wp-content/uploads/2020/06/CLP-more-than-a-project-2018-MK.pdf" target="_blank" rel="noopener noreferrer">ПРЕЗЕМЕТЕ ТУКА</a>.

This post is also available in: English