ЦИВИЛ продолжува со семинарите за транспарентност, антикорупција и одговорни политички процеси

ЦИВИЛ продолжува со серијата семинари за транспарентност, антикорупција и одговорни политички процеси. Семинарите се дел од долгогодишниот проект „Граѓански објектив“ и во кои до сега учествувале повеќе од 1.200 граѓански новинари, активисти и многу други заинтересирани за граѓанско учество во донесувањето на одлуките на локално и национално ниво.

Новата серија семинари под заеднички назив „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“ започнува на 25 и 26 јули (сабота и недела) во хотел Романтик, покрај Велешко Езеро. Бројот на учесници е ограничен на 20, а ЦИВИЛ за таа намена обезбедува голем простор согласно мерките за заштита од Ковид-19 за максимално почитување на протоколите за безбедност од корона вирусот.

Овој семинар е одлична можност за сите граѓанки и граѓани кои сакаат да соработуваат во проектите, иницијативите и активностите на ЦИВИЛ. Меѓу другото, ЦИВИЛ на овој семинар ќе ги резимира резултатите од претходните граѓански иницијативи, меѓу кои и онаа за укинување на привилегиите на функционерите, во пресрет на воспоставувањето на новиот парламентарен состав.

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО 

Право на учество имаат сите заинтересирани граѓан(к)и од целата земја. Поради новата методологија, ЦИВИЛ ќе ги земе предвид и апликациите на оние граѓанки и граѓани кои претходно учествувале на некој од семинарите на ЦИВИЛ, но предност ќе имаат тие што за прв пат се пријавуваат на овој семинар. Патните трошоци ги покрива организацијата.

Во период на политички превирања, кога низ државата сè почесто има говор на омраза, лажни вести и дезинформации, граѓанските новинар(к)и се тие кои може да придонесат кон зачувување на мирот и зајакнување на демократските процеси.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани, како и своите досегашни учесници и соработници од семинарите за граѓанско новинарство да фотографираат, снимаат и забележуваат.

Говорот на омразата, дезинформациите, лажните вести, црната кампања и корупцијата се темите кои се во фокусот на нашата работа. Преку граѓанското новинарство, граѓанките и граѓаните имаат можност да бидат контролори на работата на државните и локалните функционери и институции и да вршат притисок тие да работат според законите, транспарентно и одговорно.

ЦИВИЛ тим за комуникации

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО