Наместо празнична надница, утре нема да имаме никаква!

За текстилните работници во Источна Македонија утре ќе биде работен ден, и нема да го искористат државниот празник по повод Св. „Кирил и Методиј“.

„Среќен утрешен празник на сите што имаат привилегија да го слават. Текстилците ја немаат таа среќа, никој нуту спомна дека утре е празник, туку се подразбира дека сме на работа. Меѓутоа има еден проблем, има мајки со мали деца што нема на кого да ги остават да им ги чуваат, бидејќи градинките како и сите буџетски фирми не работат. Се запраша ли некој што со таа ситуација? Многу е веројатно дека утре ќе ни биде забрането да се чекираме, па наместо празнична надница, нема да имаме никаква!“, пишува граѓанска новинарка од Источна Македонија.