ЦИВИЛ ја продолжи серијата јавни презентации

ЦИВИЛ ја продолжи серијата јавни презентации меѓу студентите овој пат на уште една група млади луѓе на Универзитетот „Американ колеџ -Скопје“.

Студентите имаа можност да се запознаат со активностите во два проекта на ЦИВИЛ, „Слободни медиуми за слободно општество“ и „Граѓански објектив“.

Исто така, преку интеракција можеа да учествуваат со свои предлози за активно граѓанско делување во општествените промени како граѓански новинари, но и преку ставови и мислења како да се подобри состојбата на медиумите во Македонија.

ЦИВИЛ досега одржа јавни презентации во Скопје, Струмица, Куманово и Велес, како и повеќе целодневни настани на кои се дискутираше за улогата на медиумите во демократизација и ослободување на општеството.

Проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Проектот Граѓански објектив е поддржан од National Endowment for Democracy.

This post is also available in: Albanian