Награди за најуспешните стории на граѓанските новинар(к)и

ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска ги додели наградите за најуспешните стории на граѓански новинарки и новинари за изминатите два месеци.

На почетокот на церемонијата на доделувањето на наградите, Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ ги запозна со проектот Граѓански објектив и можноста за  нивен придонес во креирање на општествени промени.

Суада Муратова, добитничка на четврта награда

Една од четвртите награди ја доби граѓанската новинарка Суада Муратова за фото сторијата „Возила ги узурпираат велосипедските патеки“ што го прикажува сообраќајниот хаос на сметка на велосипедистите. „Националистичка кампања на ќосињата“, е,  исто така, фото сторија што покажуваат националистичка содржина, пораки што се појавиле на повеќе возила во подземниот паркинг на ГТЦ. Поради сензитивноста на сторијата, добитникот сакаше да остане анонимен.

 

Весна Бојковска, добитничка на третата награда

Третата награда ја подигна Весна Бојковска, ученичка во СГУС „Георги Димитров“, за сторија „Учениците од Георги Димитров донираа за семејството Стефановски“ што ја направија учениците од ова училиште. Имено, по фејсбук објавите за барање донации за сиромашното семејство Стефановски од Куманово, средношколците самоиницијативно покренале акција за собирање донации. При посетата на семејството направија видео и фото сторија која зборува за живот во сиромаштија или како што велат од семејството „живеат во услови полоши од пеколот“.

Поради видео сторија што содржи експлицидна содржина на говор на омраза на навивачка група, добитникот на втората награда за стпријата „Говор на омраза на плоштад Македонија“ сакаше да остане анонимен.

Дамјан Темков ја доби првата награда за кооперативно новинарство со новинарската екипа на ЦИВИЛ ја направија сторијата „Државата нема слух за мојот слеп син“ за Виктор Тошевски, средношколец и музичар, роден со оштетен вид.

Првонаградени за сторијата „Државата нема слух за мојот слеп син“

Дамјан револтиран од  секојдневните препреки со кои  се соочува неговиот ученик ја покрена неговата приказна во јавноста. Дамјан својата награда ја предаде на Виктор за неговата храброст и пожртвуваност.

 

This post is also available in: English