„Во нашата земја има историја на вакви напади врз веб сајтови на медиуми и граѓански организации, но исто така имаме историја на разни напади на државните институции, банки и слично, за кои не се зборува во јавноста, оние кои се нападнати не сакаат да бидат прикажани како жртви или недоволно заштитени, особено институции кои чуваат важни работи, банки кои ги чуваат парите на граѓаните, но сметам дека ова е сериозна закана, не само кај нас туку и во светот“, изјави Филип Стојановски на панел дискусијата „Сајбер нападите - предизборно оружје“ во организација на ЦИВИЛ.
Стојановски изјави дека кај нас има два вида на сајбер напади, директни и „ддос“ напади.
„Директни хакирања, со цел да се влезе и да се направи штета, да се смени некоја содржина и сметам дека дефинитивно е потребно зголување на компјутерската безбедност. Ддос напади – кои доаѓаат од мрежи на компјутери и праќаат барања за пристап до содржина. Она што е важно е дека таквите мрежи можат да се создат не само во сопственост на оние кои напаѓаат, туку и со пуштање на вируси, кои фунцкиорнираат континуирано“, изјави Стојановски.
Стојановски додаде дека тие во фондацијата Метаморфозис пред неколку години се соочиле со таков вид на напади, во време кога ситуацијата со медиумите била крајно лоша.
„Ние во Мета пред неколку години се соочивме со таков вид на напади, на некој начин ситуацијата во медиумите беше крајно лоша, ние ги отворавме тие прашања барајќи преку јавна дебата да ги поттикнеме медиумите да бидат поодговорни, лажни вести и непочитувања, но и со цел граѓаните да ги вклучиме во тој систем, да бараат одговорност од медиумите. Во 2013 и 2014 направивме алатка времеплом, каде граѓаните можат да соберат медиумски линкови и за ги зачуваат, бидејќи оние кои објавуваат проблематични содржини по некое време ги тргаат, ни беше потребна алатка да ги зачуваме во оригинална форма. По создавањето ни се случија нападите, мораше да се земе поинаков вид на сервер, поголема заштита“, додаде Стојановски.
„Таквотот однесување е кривично дело, има затворска казна за тоа, дел од поголемо криминално здружување и исто така нормално за нашата држава е клучно градење на доверба во институциите, бидејќи со тоа на граѓаните ќе им се даде до знаење висината на опасноста“, изјави Стојановски.
А. Петровска