Ѓорѓиоски: Сајбер нападите делуваат и на активизмот

Активистот и блогер, Јане Ѓорѓиоски на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Сајбер нападите - предизборно оружје“, зборуваше за тоа како сајбер нападите делуваат на активистите и обичните луѓе, па и блогерите.

„Многу е интересно како овие напади на традиционалните медиуми делуваат врз мотивацијата на поединецот да го искажува сопственото мислење на своите приватни профили на социјалните мрежи. Можете да замислите како се чувствува еден блогер за сопствената сигруност кога ќе чуе дека е нападнат медиум како „Слободен печат“. Ми се имаат случувано интересни работи, хакерски напади на мојот блог од соседна држава, но имаше и насочени напади кои се случуваа секогаш пред изборите кога ние блогерите бевме многу активни. На секого останува дали ќе одолее на тие напади и ќе го совлада стравот и ќе продолжи понатаму“ истакна Ѓорѓиоски.

М. Ивановска