Петрит Сарачини на панел дискусијата „Пандемија и инфодемија“ во организација на ЦИВИЛ истакна дека одредени истражувања од САД покажува дека граѓаните повеќе се информираат од социјалните мрежи, отколку од комерцијалните медиуми, и истото се случува насекаде во светот, па и кај нас.
Сарачини додаде дека социјалните мрежи најчесто се „тезгата“ каде се сервираат лажните информации.
„Во април и мај се случуваше секојдневно да имаме по 2-3 дезинформации, не како еден производ туку оркестрирано споделување на лажни вести и дезинформации. Имавме над 100 примери во екот на пандемијата, кога имавме рестирктивни мерки, кога сите беа дома, ги следеа овие информации и беа жртви на истите, не ги козумираат само, често и постапуваат“, додаде Сарачини.
“Во легислативата кога зборуваме за клевета, навреда, говор на омраза, јасно е до каде оди слободата и кои се ограничувањата. И кога определува некој суд или орган дали е нешто нарушување, прво тргнува од намерата, да се доведе јавноста до заблуда. Доколку има, тоа треба да се квалификува како некакво дело.
Традиционалните медиуми сакаа регулација на онлајн медиумите, имавме телевизии и весници кои одбиваат да отвораат онлајн страници“, истакна Сарачини.
This post is also available in: Albanian