Бачовска: Треба системски да се јакне на медиумска култура и медиумската писменост

Јасна Бачовска, унивезитетска професорка на панел дискусијата „Пандемија и инфодемија“ во организација на ЦИВИЛ истакна дека медиумската писменост е многу важна, но запоставена, особено во високото образование.

„Јас сум премногу исплашена, многу ме вознемируваат некои појави, се прашувам на што сме жртви ние, сите тие работи почнуваат да не вознемируваат и ние кои работиме со оваа проблематика не сме имуни на тоа.  Добивме крајно дезориентираат граѓани, тие млади со кои секојдневно работа чувствувам дека имаат голем проблем со перцепцијата на тоа што се случува во општеството.

Треба системски да се јакне на медиумска култура и јакнење на медиумска писменост, но тој начин е најбавен и затоа конзервативците удираат тука.

Многу малку луѓе во Македонија се правно неписмени, со години не можам да се изборам да имаме предмет, медиумско право. Ни требаат умни и професионални новинари, кои цел живот работеле воздравство на пример, тие ни се потребни, ја знаат работата, ние немаме специјализирани новинари, немаме помладок, известуваат во сите категории“, додаде Бачовска.

„Дали можеме да постигнеме секоја лага да ја уловиме, дали се што кажуваме е лага? Можеби е спротивен став или не знаење. Европа вика оставете ја неутралноста. Се залагам за системски решенија, медиумска писменост, има разлика меѓу државите, 20тина држави во светот има огромна слобода на говор, најмалку дезинформации, каде на соодветен начин се одоговорило на тоа. Некој е убеден дека не шири лага, процесот сметам дека ќе биде долгорочен“, истакна Бачовска.