Уште една лага од кујните на дежурните ширачи на лажни вести. Овојпат објавиле лажна вест дека СДСМ го поставил ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев за специјален претставник за набавка на вакцини. Ова шема на објавување на лажни вести преку фотомонтажи веќе е видена. Но, лажната вест е проследена и со говор на омраза кон поранешниот градоначалник на Ново Село, Стојчев.
Дека се работи за лажна вест говори фактот дека иако дел од твитерџиите побараа линк од оригиналната вест, сепак не добиле одговор ниту линк. Но, доволно е да се пребара на Гугл насловот: „СДСМ го постави ексградоначалникот Стојчев за специјален претставник за набавка на вакцини“, и ќе се види дека ваков наслов не се појавува, односно дека оваа „вест“ ја објавиле само твитерџиите Кичеецот и Реаган.
Дел од споделувачите на оваа лажна вест се и твитерџиите Чиз и Курвин водењак чии досегашни нивни твитер објави упатуваат на нивна блискост до политичката менталитет до политичката партија Левица.
Д.М.