Сарачини го повика Вељановски да се извини и да ги повлече лажните искази

„По клеветите на неговиот наследник Тасевски кои беа ширени и од него, Роберт Вељановски продолжува со нови лаги и клевети. Во ситни ноќни саати, откако ги демантирав, немал мир и напишал писмо до мене. Бидејќи ме прозива повторно јавно во писмото и повторно реди нови лаги и клевети, да му одговорам дека и за нив ќе треба да се извини или да ги докажува на суд“, напиша Петрит Сарачини на својот Фејсбук по објавата на Роберт Вељановски, каде обвинува дека ангажманот на Сарачини како посебен советник за култура бил без конкурс и оглас.

По клеветите на неговиот наследник Тасевски кои беа ширени и од него, Роберт Вељановски продолжува со нови лаги и клевети. Во ситни ноќни саати, откако ги демантирав, немал мир и напишал писмо до мене. Бидејќи ме прозива повторно јавно во писмото и повторно реди нови лаги и клевети, да му одговорам дека и за нив ќе треба да се извини или да ги докажува на суд.
Имено, Вељановски вели дека мојот ангажман како посебен советник за култура бил без конкурс и оглас?! Лаже! За моето работно место имаше и конкурс и оглас, за што постои документација во Министерството за култура.
Го повикувам да престане се плуканиците и провокациите кон мене со кои се бави подолго време на социјалните мрежи, да се извини и да ги повлече лажните искази. Ако не го стори тоа, и за овие клевети ќе добие тужба согласно Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.
Прекинете да се бавите со мене! Секој кој ќе продолжи да ме шиканира, ве предупредувам, ќе ги искористам сите правни средства што ми се на располагање да ги одбранам мојот углед и интегритет, кој го блатите со години. Заборавете веќе на неказнивост, ова плукање мора да престане, ќе има правда!
Сарачини вчера ги повика Вељановски и Тасевски јавно да се извинат.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ