Дел од политичарите преку медиумска пропаганда успеале да ги исплашат граѓан(к)ите дека ќе мора да платат казна доколку не го научат албанскиот јазик. Во видео анкетата еден граѓанин во Скопје вели дека дека нема таква сила и казна што ќе го натера да учи албански јазик.
„Центарот на градот е катастрофа, целиот е раскопан. А што се однесува до политика, јас на овие години што ги имам допрва ќе мора да учам албански јазик, или во спротивно ќе бидам казнет. Јас велам, нè казна, и папата Павле да дојде нема да ме натера да учам албански, затоа што јас сум во Македонија. Албанците тоа да си го бришат од главата, бидејќи си имаат држава Албанија, еве и Косово, а ние во ќошето Северна Македонија нема да бидеме“, вели граѓанинот.
Овој граѓанин е примерок како медиумската пропаганда и лажните вести може да влијаат врз животот на граѓаните. Тој е еден од многумината манипулирани граѓани дека ќе мора да платат казна ако не го учат и употребуваат албански јазик.
Дехран Муратов
Камера и монтажа: Ариан Мехмети