И амбасадорката на САД мета на говор на омраза

И амбасодорката на САД, Кејт Бернс стана мета на говор на омраза на социјалните мрежи, откако на Фејсбук страницата „Цицки.мк“ се објави фотографија од веста на „365.com.mk“ со наслов – Честитка од Амбасадата на САД: Oвие избори претставуваат значаен чекор кон демократијата.

Оваа објава на Цицки.мк“ има неколку споделувања, а Фејсбук страницата „Слобода или смрт“ при споделувањето напиша: „Нашите стратешки душмани“.

Оваа објава е споделена и на Фејсбук страницата „Види Види“ каде што има над 40 коментари претежно со говор на омраза.

Eден од коментарите е на Ѓорѓи Ѓоргиев кој пишува: Eднаш ги запалија, сега треба да се протераат да ги нема од Македонија, се додека се мешаат полека ама сигурно ќе нè снема“. Истиот „патриот“ кое „мисли на опстанокот на Македонија“, според податоците на Фејсбук живее во Гетеробрг, Шведска.

Има и други коментари со говор на омраза.

Говорот на омразата во едно цивилизирано општество никако не смее да се толерира. Тоа никому не носи добро, напротив, уште повеќе го разговрува говорот на омраза и иницира дела од омраза.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ