Профил на еден мразач од Прилеп

ЦИВИЛ го поздравува тоа што луѓето препознаваат говор на омраза и на истиот реагираат соодветно, да пријават и посочат, а не да возвратат со иста мера. До ЦИВИЛ стигна пријава од трето лице, кое не e вклучено во случајот што го пријавил.

Се запознаваме со Игор Ристески, од Прилеп, член, симпаризер, фан на ВМРО-ДПМНЕ, и воедно мразач, кој својата омраза ја сее преку коментари на Фејсбук.

Според правописот на мразачот Игор, може да се забележи дека има потреба од доописменување. Исто така според објавите на неговиот Фејсбук профил, може да се заклучи дека идол му е лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бидејќи најчесто го „брани и чува“ неговиот лик и дело. А се плаши од сатаната.

Мразачот Игор вулгарно коментира, бидејќи активистот Боби Илиевски поставил профилна фотографија со фотомонтажа на Христијан Мицкоски.

Дел од граѓаните во коментарите се обидуваат да му објаснат на мразачот Игор дека фрустрации не се лечат на социјални мрежи и дека не треба да навредува. Меѓутоа омразата на Игор е преголема за рационално да размислува, и наместо да прекине со вулгарностите, тој уште повеќе ги зголемува.

Ова е само еден од многуте случаи кои Мониторинг тимот на ЦИВИЛ ги разобличува. Во нашето општество нема место за омразата.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ