Бескрупулозна борба за власт

Публикацијата „Бескрупулозна борба за власт“ (Локални избори во Република Македонија 2013) е дел од Проектот за слободни и ненасилни избори 2013 со финансиска поддршка од Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ).

Проектот се спроведуваше на национално ниво за јакнење на јавната свест за изборната култура и превенција од насилство и оружено насилство, преку работа на терен, мониторинг на изборната кампања, на денот на изборите и во постизборниот период, како и преку превенција од изборни нерегуларности, насилство и оружено насилство во текот на целиот изборен процес и постизборието.