Пакетчињата од изборната кампања пристигнаа

Граѓански новинар кој побара да остане анонимен, на нашата адреса испрати неколку фотографии на кои очигледно се гледа пропаганден материјал од една од најголемите партии во Македонија

Пакет кој го доби граѓанскиот новинар во Бутел

Во пакетчето има кафе, запалка за цигари, пенкало како и промотивен материјал за кандидатот на Бутел Велимир Смилевски како и за кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Промотивен материјал

Граѓанскиот новинар, во својата порака ни напиша дека е благодарен за подарокот, но праша и дали ова е коректно и според законот. ЦИВИЛ Медиа, по консултација со експертите на организацијата, ќе го објави одговорот на ова прашање во текот на утрешниот ден.

Ермин Климента

This post is also available in: English